10 неверојатни билки за природно намалување на шеќерот во крвта

10 неверојатни билки за природно намалување на шеќерот во крвта

Важноста на регулирањето на шеќерот во крвта кај дијабетесот

Дијабетесот е состојба на нарушен метаболизам на јаглехидрати. Без разлика дали станува збор за недостаток од инсулин од панкреасот, или нарушена функција односно отпорност на инсулинот, (хормон задолжен да овозможи внес на шеќерот од циркулацијата (гликозата) внатре во клетките) при ваквата состојба доаѓа до задршка на гликозата во крвните садови. Во тие услови, кога има покачени вредности на нивоата на шеќер во крвта, самата гликоза предизвикува создавање на штетни слободни радикали кои директно ги оштетуваат клетките од внатрешната обвивка на крвните садови, а зависно од локацијата доаѓа до постепено оштетување и на самите органи, пред се очите, бубрезите, нервите, срцето, мозокот. Особено честа е појавата на невропатија или воспаление и оштетување на периферните нерви  што резултира со појава на чешање, пецкање, трнење и болки во нозете и појава на црвенило на кожата. Затоа одржувањето на регулирани нивоа на шеќер во крвта е исклучително важно за заштита на здравјето и намалување на ризикот од инфаркт и мозочен удар.

Улогата на природните билки и природните производи за дијабетичари

И покрај стандардната терапија за, таблетарна или инсулинска, голем број дијабетичари не успеваат да одржат стабилни и постојано регулирани нивоа на шеќер во крвта. Во услови кога лековите често имаат ограничено дејство, примената на додатоци на исхраната и екстракти од билки важна и може да дадат значаен допринос во намалување на шеќерот. Денес постојат бројни научни сознанија дека одредени витамини, минерали, антиоксиданти и други состојки во билните екстракти се ефективни во подобрување на контролата и намалување на шеќерот.

10 природни лекови на природата (ефектите на секој од нив врз дијабетисот)



Горчлива диња

Горчливата диња – Карела содржи неколку супстанции кои покажуваат антидијабетични својства, вклучувајќи харантин (чарантин), фицин и полипептид-P. Полипептид-P ја имитира функцијата на инсулинот, овозможувајки негово полесно врзување за рецепторите и внес н агликозата во клетките, додека чарантин ја подобрува синтезата на гликоген во клетките на црниот дроб и мускулите, со што се допринесува за побрзо намалување на нивоата на шеќер во крвта. Оваа билка исто така  го зголемува лачењето на инсулин во панкреасот.

Цимет

Циметот спаѓа во групата зачини со многу пријатна арома и широка употреба во исхраната, но истражувањата потврдуваат дека може да има позитивно влијание и на регулацијата на шеќер во крвта. Тој исто овозможува намалување инсулинската резистенција, подобрувајки го врзуваето на инсулинот за рецепторите и искористувањето на шеќерот од крвта, особено од страна на мускулите. Дополнително тој придонесува да се намалување на дигестијата на јаглехидратите во теното црево, успорувајки го ензимот алфа-амилаза со што се намалува апсорпцијата на шеќери во крвотокот и е одобрува регулацијата кај лицата до дијабетес.


Алое Вера

Конзумирањето сок или гел од алое вера може да ја подобри чувствителноста на инсулин и делува хипогликемиски односно помага да се намали нивото на шеќер во крвта. Некои рани студии исто така сугерираат дека билката алое вера може да помогне во намалување на гликемискиот индекс на храната.

Женшен

Билката женшен има антиоксидантско дејство и помага во балансирање на хормоните во телото со што влијае како во намалување на шеќерот во крвта, така и во заштита од слободните радикали во крвните садови создадени од високиот шеќер. Тој ја олеснува апсорпцијата на гликозата во цревата, што е важно за дијабетичарите да спречат нагло намалување на шеќерот и хипогликемија, кај лицата со дијабетес.

Оригано

Активните компоненти во ориганото, исто така помагаат за регулирање на шеќерот во крвта, го спречуваат развојот на отпорност на инсулин и создавањето на маснотии во ткивата каде постои инсулинска резистенција. Исто така, оваа билка е богата и со антоксиданси за заштита од оксидативниот стрес предизвикан од слободните редикали.


Боровинки

Боровинките се нискокалорични, имаат низок гликемиски индекс, а богати се со растителни влакна и многу антиоксиданси (антоцијанини) што ги прави одличен додаток на исхраната погодна за дијабетичарите. Особено се ефикасни во заштита на очите и превенција од појавата на ретинопатија и други состојби на оштетување на видот кои се јавуваат како последица на оваа болест. Покрај нив сите темно обоени шумски овошја (како капини, аронија, малини, рибизли и други), поради содржината на исти видови антиоксиданси се одличен избор на храна за лицата со дијабетес.


Ѓумбир

Ѓумбирот има антидијабетични својства и студиите покажуваат дека ѓумбирот ја контролира хиперинсулинемијата кај пациенти со дијабетис тип 2. Тој исто така, има потенцијални ефекти во спречување или намалување на дијабетичните компликации како што е микро-васкуларната ретинопатија на очите.

Каранфилче

Според студиите, каранфилчето има позитивен ефект врз продукцијата на инсулин, гликемиската регулација и липидниот профил кај пациенти со дијабетес 2. Тоа е многу моќен антиоксиданс, за заштита од оштетувањата кои слободните радикали ги прават, но има и антисептичките, антиинфламаторни, аналгетски и други својства и здравствени придобивки.

Грчко семе

Истражувањата во последните две децении покажаа дека Грчкото семе помага да се намали шеќерот во крвта кај пациенти со дијабетес. Оваа билка помага да се намали нивото на гликоза во крвта на гладно и да се подобри толеранција на гликоза кај пациенти со дијабетес тип 2.

Куркума

Куркуминот во составот на куркумата ја намалува отпорноста на инсулин и помага да се намали шеќерот во крвта. Кога се консумира редовно, помага во намалување на ризикот од кардиоваскуларни болести кај лицата со дијабетес. Куркумата можете да ја консумирате така што ќе ја додадете во билни чаеви, јадења од зеленчук, месо, салати или како додаток во исхраната како што е Curcumactiv.

Се препорачува редовен внес на овие билки. Лицата со дијабетес треба овие билки да ги внесуваат како составен дел на исхраната или терапијата, бидејки и истражувањата покажуваат дека наведените билки можат значително да ја подобрат регулацијата на шеќерот.

Корисни материи кои го регулираат нивото на шеќер во крвта

Цинк

Цинкот е минерал кој е нопходен за синтезата на инсулин. Тој воедно помага и во складирањето и ослободувањето на инсулинот од панкреасот што е значајно за лицата со дијабетес.

Хром

Хромот е минерал, елемент во траг кој е важен како за продукцијата на инсулин така и за неговата ефиксност и успешно врзување за клетките и овозможување на влез на гликозата. Го содржи месото, житарките, некои видови овошја и зеленчук, но најдобро е да се земе во точна концентрација како додаток на исхраната.

Алфа липоична киселина

Како и билките горчлива диња и цимет и алфалипоичната киселина ја намалува инсулинската отпорност, олеснувајки го врзувањето на инсулинот за инсулинските рецептори за побрза дистрибуција на шеќерот во клетките. Во клиничките истражувања таа помага и во намалување на дијабетичната невропатија и се препорачува и од страна на докторите како природен лек за спречување на прогресот на невропатијата.

Што да се пие со дијабетес?

Екстрактите од билки најдобро се користат како проверени, безбедни и стандардизирани додатоци на исхраната. Во изборот на најдобрите билки секогаш препорачуваме да се направи избор на додатоци на исхраната кои содржат комплекси од повеќе компоненти, билки, минерали како што е DIABETOL FORTE , препарат од продажната палета на Натура Терапи, ефикасен природен начин за подобра регулација и намалување на шеќерот.


15 super namirnica za mozak i nervni sistem
Ослабете со куркума: Откријте ја моќта на овој зачин

Оставите одговор

Ваша адреса е-поште неће бити објављена. Неопходна поља су означена *

Korpa
Lista želja
Nedavno pregledano
Категорије
Поређење производа (0 Proizvodi)